Додека СДСМ се справува со поледиците од глобалните кризи, ги штити граѓаните од ценовни шокови, обезбедува парно и ликвидност на компаниите, додека го штити стандардот на граѓаните, Мицкоски седи отстрана и зборува само за избори.
Повеќе од еден час зборуваше Мицкоски а не кажа ниту еден предлог, мерка од интерес на граѓаните. Тој никогаш откако е претседател на ВМРО-ДПМНЕ не застана во интерес на граѓаните туку само во својот личен и теснопартиски интерес.
Во услови кога Владата заедно со стопанството се бори за секој денар, работи на покачување на платите со цел заштита на граѓаните, алчниот Мицкоски мисли само на себе и партијата. Таков лидер во оваа држава не е потребен. Мицкоски потврдува дека е неодговорен и нема чувство за државност.
Среде енергетска и здравствена криза не е време за избори кои чинат пари, го блокираат стопанството, ја кочат државата и имаат низа други негативни последици врз економијата.
Државност е да се преземе одговорност за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Нема да дозволиме неодговорноста на Мицкоски да биде на штета на државата. Избори нема да има до 2024 година.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста