HomeАктуелноИзмамена 52-годишна сопственичка на цвеќарницa

Измамена 52-годишна сопственичка на цвеќарницa

На 14.02.2022 во ОВР Прилеп, 52-годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп пријави дека била измамена од едно лице, кое телефонски нарачало неколку цветни аранжмани, кои наводно ќе бидат платени откако ќе бидат однесени од такси возило на одредена локација во Битола. Според пријавеното, лицето дополнително побарало од пријавителката на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.