HomeАктуелноУтре подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција во делови од Охрид

Утре подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција во делови од Охрид

Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 24.09.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат од претпријатието.

Воедно ги охрабруваат граѓаните да го користат зелениот телефон за пријавување на неправилности или доколку имаат прашања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.