HomeАктуелноИсени: Нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга, креираме услуги поблизу до граѓаните

Исени: Нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга, креираме услуги поблизу до граѓаните

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, денеска во Струга присуствуваше на отворање на новите простории на управните служби на ОВР Струга. Новите простории се префрлени во старата зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Преку меѓусебна соработка со општина Струга и градоначалникот, овозможено е просториите на Отсекот за управни служби и Отсекот за оружје во Струга да се префрлат во старата општинска зграда. Во таа насока, МВР пристапи кон реновирање на приземјето со цел да овозможи подобри услови за вработените и граѓаните, а во насока на нормално функционирање на службите. Со ова се излегува во пресрет на граѓаните на Струга и регионот, во иднина своите права и обврски од овој делокруг да ги вршат на еден подостоинствен начин. МВР е решено целосно да го смени изгледот и начинот на функционирањето на управните служби низ цела Македонија бидејќи тие се пред се лицето на државата., потенцираше заменикот министер Исени.

Министерството за внатрешни работи во периодов отвори повеќе нови канцеларии на управни служби во повеќе реони низ државата со цел граѓаните да имаат побрз и поквалитетен пристап до услугите кои им се потребни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.