HomeАктуелноИ покрај апелите и најавените засилени контроли и понатаму се вози под дејство на алкохол.

И покрај апелите и најавените засилени контроли и понатаму се вози под дејство на алкохол.

Во текот на вчерашната вечер (29.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 68 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Извор: МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.