Тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Биљал Касами, смета дека ако се интонира македонската химна во училиштата треба да се интонира и албанската.

Ставот на Касами доаѓа по одлуката на скопските општини Гази Баба и Аеродром, секој прв понеделник во месецот наставата да почнува со интонирање на државната химна на Македонија.
Ако ова стане законска обврска, Касами вели дека ќе ја почитува, но како градоначалник е на став дека мора да се почитува различноста.
Македонија и како држава и како општество е мултуетничко општество, мултикултурно и треба да ги почитуваме тие различности. Се додека државата има химна и го повикува македонскиот народ, сега знаеме дека името на државата е С.Македонија, значи ние треба да се прилагодиме на реалноста со која живееме. Ако треба сите граѓани да ја почитуваат државната химна, таа химна треба да ги почитува сите различности со кои ние живееме секојдневно, изјави – Биљал Касами – Градоначалник на Тетово.
Инаку, за тоа што реков не сме координирани со другите партии, го реков во позиција на градоначалник на Тетово дека мојот личен став е дека ако се носи одлука законска ние ќе ја почитуваме, но исто така законите треба да бидат во интерес на граѓаните и мора да ги почитуваат сите различности во државата. Така да во тој правец ценам дека албанците како втор мнозински народ мора да бидат почитувани и во делот на оваа одлука, што значи дека ако се интонира државната химна која се повикува само на македонскиот народ, треба да се интонира и албанската химна односно тоа што го чувствуваат албанците, додаде Касами.
