HomeАктуелноКолумна: Систем за управување со таленти за поголема конкурентност

Колумна: Систем за управување со таленти за поголема конкурентност

Во современи услови на стопанисување, веќе се напуштаат класичните традиционални пристапи на работење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес, се поголем акцент се става на апсорбирање на промените и иновациите. Имено, со цел подобрување на пазарниот потенцијал кај компаниите потребно е тие да бидат подготвени за антиципирање на одредени ризици да бидат пофлексибилни на севкупното окружување. За таа цел, покрај добрата физичка инфраструктура многу важен е и човечкиот фактор. Особено во услови кога постои јаз меѓу понудата и побарувачката на пазарите на труд. Во свет во кој двигател се технолошкиот развој и иновациите фирмите со цел да генерираат поголема конкурентност неопходно е фокусот да го стават на нивните вработени.

Имено, со цел ефикасно апсорбирање на иновативните процеси на работа неопходно е подигање на нивото на развиеност на човечки капитал во рамки на организацијата. Во таа насока неопходен е ефикасен систем на управување со човечки ресурси во рамки на кој ќе има јасно дефинирана кадровска политика. Во рамки на тој систем треба да бидат добро димензионирани подсистемите на мотивирање, наградување и мерење на перформанси. Во последно време, се повеќе се става акцентот на управување и развој на таленти.

Овој концепт е клучен за способноста на организацијата истата да генерира конкурентност. Имено, со ефикасен систем на управување со таленти во одредена мера се антиципираат дебалансите на пазарите на труд и се подобрува иновацискиот потенцијал на самата организација. Покрај самата макроекономска динамика за поголема конкурентност на компаниите потребно е да им се обезбеди поддршка за формирање развојни центри кои што ќе бидат двигател на растот на компаниите. Исто така, во рамки на компаниите како метод за развој таленти може да се користат екстерните тренинзи, менторството, коучингот итн. Важно е да се направи добра комбинација од сите овие методи со што би се дефинирал моделот за развој на таленти кој би дал најголем ефект врз развојот на компанијата.

Со ефикасен систем на управување со таленти ќе се зголеми продуктивниот потенцијал на нашата економија, пред се на домашните претпријатија. Со ова ќе се подобри потенцијалот за поврзување и соработка со странските компании, компаниите од технолошко-индустриските развојни зони со што ќе се намали јазот меѓу овие два сегменти на компании и ќе се зголеми нивната кохезија, и интегрираноста со што во крајна линија ќе се подобрат перформансите на нашата економија.

Моделот за управување со таленти исто така е значаен и за јавната администрација. Имено, со добро поставен модел за управување со таленти, ќе се зголеми ефикасноста на јавната администрација како и квалитетот на услуги кои таа ги испорачува. Поголемата продуктивност на јавната администрација и нејзиниот подобрен капацитет во основа ќе влијае на подобрување на потенцијалот за реализација на капитални проекти што во крајна инстанца позитивно ќе влијае на економскиот раст и развој.

 

 

Пишува за powerinfo.mk Ристе Костовски, Дипломиран економист na отсек на финансиски менаџмент., кој веднаш по дипломирањето своето образование го продолжува на постдипломски студии по монетарна економија, финансии и банкарство каде работи на тезите за магистерскиот труд .

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.