Малолетник бил физички нападнат од петмина врсници на детско игралиште во скопски Карпош. Двајца од напаѓачите му биле познати на момчето, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
„На 08.10.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 03.10.2026 околу 18:30 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од пет малолетници, од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
