HomeАктуелноКој ќе може да си доплати за пензија? До 2.500 евра за две години стаж според новите измени

Кој ќе може да си доплати за пензија? До 2.500 евра за две години стаж според новите измени

До 2.500 евра за откуп на пензиски стаж: Кој ќе може да доплати до две години?

Околу 100 евра за еден месец, односно до 2.500 евра за максималните две години – толку би можеле да издвојат граѓаните за откуп на пензиски стаж според новите законски измени што веќе се во владина процедура.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што најави министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, лицата на кои им недостигаат до 24 месеци стаж ќе можат со сопствена уплата да го остварат правото на старосна пензија.

Мерката ќе се однесува исклучиво на неактивни осигуреници, односно лица кои повеќе не се во работен однос, имаат наполнето 62 години за жени, односно 64 години за мажи, и имаат најмалку 13 години остварен работен стаж.

Колку ќе чини еден месец стаж?

Според образложението на Велковски, пресметката ќе се врши врз основа на:

  • 50 отсто од просечната нето-плата од претходната година;
  • 19,9 проценти стапка на придонеси која се применува врз утврдената основица.

Ако просечната плата изнесува 45.000 денари, основицата би била 22.500 денари. Во таков случај, еден месец стаж би чинел околу 4.478 денари, односно приближно 73 евра.

Во зависност од конечните пресметки, сумата би можела да достигне и околу 6.000 денари месечно.

За максималните 24 месеци, тоа би значело вкупен трошок од околу 107.460 денари, односно приближно 1.750 до 2.500 евра, зависно од конечните параметри.

Сепак, висината на идната пензија нема да биде иста за сите. Таа ќе зависи од претходните примања во текот на работниот век, како и од платата на која лицето било пријавено. Точните формули ќе бидат утврдени со финалното законско решение.

Што ќе се случува со вториот пензиски столб?

Велковски се осврна и на вториот пензиски столб, демантирајќи ги шпекулациите дека Владата планира негово укинување или национализација.

Наместо тоа, се најавува можна реконструкција на системот, со цел негово зацврстување и обезбедување повисоки пензии во иднина.

„Пред дваесетина години, кога првпат се воспостави вториот столб, параметрите беа поинакви. Имавме различна плата, различен број вработени и различна демографска структура“, посочи Велковски.

Тој додаде дека анализите треба да покажат што значи денешното штедење во вториот столб и какви пензии би можеле да остварат идните пензионери.

За таа цел, во тек се компаративни анализи со други европски држави кои применуваат сличен пензиски модел.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.