На 14.10.2023 во 00.25 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода М.Т.(20) и М.Р.(24), двајцата од Охрид, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
