HomeАктуелноКривична пријава против поранешна претседателка на комисија во Министерството за здравство

Кривична пријава против поранешна претседателка на комисија во Министерството за здравство

НККР Свети Николе поднело кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, несовесно постапувала при вршењето на своите службени овластувања и должности, на начин што иако согласно член 29-б став 5 точка 3 и член 29-в став 5 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции била должна да организира вршење контрола над одгледувањето на канабисот најмалку два пати во периодот од сеење/садење до берба, не организирала и не извршила контрола кај правно лице во Свети Николе за производство на медицински канабис.

И покрај доставените известувања од правното лице во текот на 2022 година и 2023 година, пријавената не презела дејствија за вршење на законски пропишаните контроли, постапувајќи спротивно на член 29-б став 5 точка 3 и член 29-в став 5 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со што му овозможила на правното лице да оствари вишок на производство од 56 килограми канабис, констатиран со записник за извршена контрола од 19.02.2025 година

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.