СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од с.Велмеј, раководител на Подрачно шумско стопанство „Галичица”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” и Б.Т. (46) од с.Свиништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума”. Првопријавениот, во април 2024 му дал усна дозвола на второпријавениот да врши сеча на сурово огревно дабово дрво, со што била причинета материјална штета од 1.434.510 денари.