HomeАктуелноЛошото време во земјава ќе се задржи и викендов, синоптичарите со детална временска прогноза

Лошото време во земјава ќе се задржи и викендов, синоптичарите со детална временска прогноза

Под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 l/m2 за целиот период). Утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час). Потоа до средината на следната седмица ќе преовладува стабилно време.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 12.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 14.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.