HomeАктуелноМицкоски со силна поддршка за Менди, кандидат за градоначалник на Општина Струга

Мицкоски со силна поддршка за Менди, кандидат за градоначалник на Општина Струга

Секогаш е посебно чувство кога ќе се најдеме меѓу нашите луѓе со отворени срца, искрени насмевки и топол пречек што само Струга знае да го даде.Благодарност до сите што дојдоа, што споделија збор, да ја видат нашата програма за подобар живот и стандард на сите граѓани. Ова е нашата сила, народот обединет, со љубов кон Македонија и иднината! – стои во соопштението од премиерот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Премиерот Христијан Мицкоски и новиот градоначалник на Чаир од ВЛЕН,Изет Меџити, денес заедно со кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќира, остваруваа средби со граѓани од овој град.

Ќира е бизнисмен и на овие локални избори настапува како независен кандидат со поддршка од владеачката коалиција.ВМРО-ДПМНЕ не номинираше свој кандидат во првиот круг од локалните избори во Струга. Противкандидат му е Арсим Далипи од коалицијата НАИ предводена од ДУИ.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО СТРУГА

Имено, во Струга изборите не се само трка за градоначалничката функција – тие се битка за опстанок на политичкото влијание на Зијадин Села. Арсим Далипи, официјално претставен како „ново лице“ и „модерен избор“, во суштина е продолжена рака на поранешниот градоначалник и лидер на Алијанса за Албанците.

Под маската на дигитализација, зелени проекти и „нов почеток“, се крие старото сценарио – одбрана на интересите на истата група што ја водеше општината со години. Граѓаните на Струга добро знаат дека Села не се повлече од политиката, туку се обидува преку својот кандидат да го задржи влијанието во локалната власт.

Арсим Далипи, зад него стои целата мрежа на поранешни функционери, партиски луѓе и структури што ја користеа општината како политички и економски ресурс. Наместо промени, се нуди континуитет на старите политики – каде личната и партиската лојалност беа поважни од интересите на граѓаните.

Секако, поддршката од Села може да донесе организациска сила, но и сериозен товар – неговата поделбена реторика и контроверзни изјави сè уште се свежи во сеќавањето на многумина. За голем дел од македонските гласачи во Струга, токму таа врска е црвена линија.

Ако Струга навистина сака нов почеток, тешко ќе го најде во кандидат кој во сè личи на својот политички ментор. Арсим Далипи можеби е ново лице, но зад него стои старата сенка на Зијадин Села?!

А тука се поставува прашањето дали Апасиев и Левица јавно ќе дадат поддршка во Струга?

ВИДЕО: Еве што мисли Зијадин Села, лидерот на Арсим Далипи за македонците.

036f440f-be20-4379-a7d4-c0d208392f5f

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.