СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Сите забрани се укинати, сообраќајот се одвива непречено, обилниот снег е расчистен во рекордно време. Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат остануваат на терен и продолжуваат да ја следат состојбата со посебен акцент на повисоките планински места. Сите патни правци се проодни.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
