HomeАктуелноНАД 621 МИЛИОН ДЕНАРИ ИСПЛАТЕНИ ВО ОКТОМВРИ: Рекордни 467 милиони за породилни надоместоци

НАД 621 МИЛИОН ДЕНАРИ ИСПЛАТЕНИ ВО ОКТОМВРИ: Рекордни 467 милиони за породилни надоместоци

Фондот за здравствено осигурување во октомври исплатил вкупно 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од вкупната сума, 467.074.428 денари биле наменети за породилни надоместоци, додека 154.309.235 денари биле исплатени за останатите надоместоци по основ на боледување.

Според податоците на Фондот, октомвриската исплата за породилни надоместоци е највисока месечна исплата за оваа намена во периодот од јули до октомври 2026 година, а бележи раст од над 25 проценти во однос на септември.

Во периодот од јули до октомври, ФЗО исплатил вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства. Од нив, над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци.

Од Фондот посочуваат дека продолжуваат со активности за подобрување на организацијата и редовноста на исплатите кон осигурениците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.