HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Кандидат за советник во кома по брутален напад

НАЈНОВА ВЕСТ: Кандидат за советник во кома по брутален напад

Тешок инцидент ја потресе Виница, откако кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заврши во кома по жестока тепачка што се случила пред еден ресторан во градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите на Јавното обвинителство, 37-годишен маж е осомничен дека на 2 октомври, по вербална расправија, физички го нападнал кандидатот за советник Имит Скопко, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Осомничениот најпрво му задал удари со тупаници, по што двајцата почнале да се удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил Скопко во задниот дел од главата, при што тој паднал во бесознание. Констатирана е скршеница на черепот, а повредениот е во кома и животно загрозен“, соопшти Обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побара мерка притвор од 30 дена за осомничениот, кој се товари за кривично дело „тешка телесна повреда“.

По нападот, во Виница се собрале роднини и пријатели на повредениот, кои изразиле револт и барале правда. Поради напнатата состојба, полициски специјалци биле распоредени низ градот за да спречат можни инциденти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.