HomeАктуелноНајнова вест: 25-годишен маж застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Најнова вест: 25-годишен маж застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите на Скопје1, младиот маж бил застрелан и се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.

По пукањето, екипа на Итната медицинска помош го пренела во Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите на лекарите да му помогнат, тој починал.

Засега нема официјални информации за околностите во кои се случило убиството, ниту за идентитетот на сторителот и можните мотиви.

Се очекува Министерството за внатрешни работи да соопшти повеќе детали за случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.