HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, сообраќајот е во прекин

НАЈНОВА ВЕСТ: Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, сообраќајот е во прекин

Возилата кои се движат по автопатот Тетово – Гостивар пред клучката за селото Врапчиште се пренасочуваат по спореден пат, заради сообраќајна несреќа која се случила околу 15:30 часот, објави Радио Гостивар на својата Фејсбук страница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните информации на полицијата дошло до судар на две патнички возила, а била повикана и брза помош за да се згрижат повредените.

Во тек увид на местото на настанот, а од СВР Тетово најавија повеќе информации за подоцна.

фото: архива

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.