HomeМАКЕДОНИЈАНАЈНОВА ВЕСТ: Филипче се предомисли, нема да има задолжителна вакцинација за лекарите и административците.

НАЈНОВА ВЕСТ: Филипче се предомисли, нема да има задолжителна вакцинација за лекарите и административците.

Нема рестрикции за невакцинираните административци ниту пак задолжителни вакцини за здравствените работници. Владата засега се откажа од првичниот предлог на Комисијата за заразни болести и целиот товар за зголемување на опфатот со имунизација паѓа на матичните лекари. Со вчерашната одлука од владината седница, за 30 денари од пациент треба да ги убедат своите осигуреници да ги посетат диспанзерите. Но парите ќе им легнат на сметка дури на почетокот на летото во 2022 под услов да имаат повеќе од 70 проценти вакцинирани.

Ова е добро димензионирана мерка и реално спроведлива. Матичниот лекар е тој што има директен контакт со пациентите. Многу е важно да сфатат дека вакцинацијата против Ковид-19 мора да се спроведе. Во некои градови, некои лекари веќе имаат постигнато 70 отсто опфатеност, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Иако голем број матични реагираа на ваквата мерка дека е понижувачка и нема да даде ефект, министерот Филипче остави простор во следниот период да видиме како ќе се спроведува. Од задолжителните сертификати во државниот сектор се откажале бидејќи сфатиле дека не знаат што да прават со работници кои нема да сакаат да примат вакцина.

Стигнавме до констатација дека отвора многу сериозни прашања во однос на тоа како евентуално би се казнило некој кој што нема да прифати да се вакцинира. Од друга страна реално, тоа е голем финансиски товар. Спремни сме да носиме и други препораки. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат товарот да прават тестови, а не сакаат да се вакцинираат? Тоа значи дека истите тие компании тие работници треба да ги отпуштат, вели Филипче.

Опфатот со вакцинација на целокупното население се уште е позициониран на 39 проценти, но министерот Филипче вели се уште е рано за воведување на задолжителна вакцинација за сите како што има најави во некои европски земји.

Rate This Article:
No comments

leave a comment