HomeАктуелноНа кого му одговара кочењто на изборот нови обвинители за гонење организиран криминал и корупција?

На кого му одговара кочењто на изборот нови обвинители за гонење организиран криминал и корупција?

Изјавата на Русковска дека е оставена да работи со помалку обвинители, се најде под лупа на Советот на јавни обинители. Ќе разгледува зошто во нив е вперен прстот за доцнењето на изборот на обвинители за гонење криминал и корупција откако на петмина им истече мандатот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со изјавата, велат од Советот, Русковска сакала да им ја префрли вината, иако токму таа доцнела со оценувањето на обвинителите од нејзиното одделение.

На седница во четврток Советот ќе ја анализира изјавата на Шефицата на одделението кое гони криминал и корупција. Русковска, пак вели дека нема да ја коментира таквата одлука.

Во меѓувреме од Советот велат дека финишира процесот за избор на петмината кои ќе работат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На повтореното оценување, еден кандидат досега бил незадоволен, па последниот збор ќе го има советот.

Освен обвинителите чиј мандат е истечен, во трка за петте испразнети места конкурираат и обвинители од Гостивар, Берово и Скопје.

Меѓу нив аплицирала и поранешната обвинителка на СЈО, Елизабета Јосифовска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.