HomeАктуелноМинистерот Серафимовски: Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ

Министерот Серафимовски: Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ

Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд и карактерот на поднебјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во Радовиш ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот посочи дека значењето на пчеларството го надминува производството на мед и други пчелни производи, нагласувајќи ја нивната улога во опрашувањето.

„Преку опрашувањето, пчелите имаат незаменлива улога во овоштарството, градинарството и поледелството, поради што нивната поголема заштита е неопходна за зголемување на домашното производство на храна и зачувувањето на биолошката разновидност“, порача министерот Серафимовски.

Тој додаде дека политиките се насочуваат кон професионализација и модернизација на стопанствата, зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела и зајакнување на контролите на квалитетот против нелојалната конкуренција.

„Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ. Неговата вредност и понатаму ќе ја надградуваме преку проверен квалитет, препознатливо потекло, современо пакување и посилно присуство на домашниот и странските пазари. Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде препознаен и заштитен, затоа што грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство“, порача министерот Серафимовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.