Кон крајот на продолжениот викенд, попладнево започна огромниот метеж на граничните премини за влез во Македонија, особено при излегувањето од Грција преку преминот „Евзони“.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од огромни колони, а според коментарите од возачите, хаосот на „Евзони“ почнал уште во 14 часот по грчко време, каде граѓаните чекаат околу три часа за излез од Грција и влез во Македонија.
Колоните возила се протегаат со километри, а причината за хаосот, покрај зголемениот број патници, е и примената на новиот европски систем за влез и излез – ЕЕЦ(Entry/Exit System), кој значително ги забавува граничните процедури и е причинител за овие километарски колони.
Покрај преминот Богородица, на граничниот премин Дојран се чека околу еден час.
