HomeАктуелноНЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА: Дожд, град и силен ветер направија хаос

НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА: Дожд, град и силен ветер направија хаос

Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и локална појава на град попладнево зафати повеќе делови од Македонија, при што најпогодено беше Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За кратко време улиците во делови од главниот град беа исполнети со вода, а силниот ветер и врнежите предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот. На социјалните мрежи граѓаните објавуваат фотографии и видеа од невремето, кое пристигна по високите температури што го одбележаа денот.

Управата за хидрометеоролошки работи уште претходно предупреди дека во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град.

Според прогнозите, нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, кога на повеќе места се очекуваат нови врнежи, грмежи и локални временски непогоди, проследени со пад на температурите.

Надлежните институции апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите метеоролошки информации, особено доколку се движат на отворено или патуваат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.