HomeАктуелноНеколку вкусни рецепти за божиќниот пост

Неколку вкусни рецепти за божиќниот пост

Божиќниот пост почнува на 27-ми ноември и трае до 7-ми јануари, односно до Божиќ. За време на постот, во понеделник, среда и петок се пости на вода. Односно, се јаде храна готвена без масло и не се јаде риба. Во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела е дозволено да се јаде риба.

Но само затоа што постите, не значи дека не можете да уживате во храната.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во продолжение погледнете 7 одлични посни рецепти, кои можете да ги направите во првата недела од постот:

Среда: Чорба од шампињони и компири

Потребни состојки: 600 грама компири, 400 грама печурки, голема главица кромид, 1 праз, 1 морков, зачин од зеленчук, сол и бибер, магдонос, ловоров лист, 1 лажица брашно

Начин на подготовка: Динстајте ги на вода исечканиот кромид и празот. Додајте ги исечените моркови и компири и зачинете. Прелијте го зеленчукот со вода, додајте го ловоровиот лист и варете го зеленчукот додека не омекне. Додајте ги печурките. После половина час, извадете го ловоровиот лист и со миксер измешајте ја чорбата.

Во малку ладна вода изматете го брашното и додајте го во чорбата. После 5 минути, тргнете ја чорбата од оган и додајте магдонос.

Четврток: Ризото со зеленчук

Потребни состојки: 200 грама пченка, 200 грама ориз, 200 грама грашок, 1 главица кромид, сусам по желба, масло, сол и бибер, магдонос

Начин на подготовка: Изрендајте го морковот и динстајте го заедно со кромидот. Додајте го останатиот зеленчук, додајте сол и бибер и додајте околу 1,5 литри вода. Оставете го зеленчукот да се вари.

Добро измијте го оризот и додајте го во зеленчукот. Оставете го да врие 5 минути, а потоа покријте го тенџерето со капак и тргнете го од оган. Додајте препечен сусам.

Петок: Пиперки полнети со буковка (пост на вода)

Потребни состојки: 300 грама ориз, 300 грама буковка, 1 праз, сол и бибер, босилек, 8 пиперки, 300 милилитри сос од домати

Начин на подготовка: Исечкајте ги буковката и лукот, измешајте ги со оризот и зачинете со бибер и сол. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.

Полнетите пиперки ставете ги во длабок сад за печење, додајте сос од домати и малку вода. Пиперките можете да ги варите околу еден час, или да ги печете во рерна околу час и половина.

Сабота: Риба

Потребни состојки: 4 риби (скуша, ослич или харинга), масло, лимон, сол и бибер

Начин на подготовка: Исчистете ја рибата, посолете ја, додајте бибер и маслиново масло и ставете ја во огноотпорна чинија. Врз рибата исцедете малку сок од лимон, прекријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 250 степени. Печете половина час, тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути.

Недела: Салата од тестенини и туна

Потребни состојки: 1 пакување тестенини, 2 конзерви туна, 6 кисели краставички, 150 грама пченка, 150 грама посен мајонез, сол, бибер и оригано

Начин на подготовка: Сварете ги тестенините и исплакнете ги под млаз вода. Сварете ја пченката, исцедете ја и измешајте ја со тестенините. Додајте ги туната, мајонезот и зачините и добро измешајте.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.