HomeАктуелноНе потпаѓајте на оваа лажна објава ако користите Фејсбук

Не потпаѓајте на оваа лажна објава ако користите Фејсбук

Изминативе денови на Фејсбук се појави позната објава во која поверуваа голем број корисници на оваа социјална мрежа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, на Фејсбук кружи соопштение во кое корисниците се поканети да споделат одреден текст на својот Timeline за да ги заштитат своите лични податоци.

Истата лажна објава ги предупредува корисниците дека Фејсбук наскоро ќе почне да плаќа.

“За секој случај. Забелешка: Бевме советувани од адвокат да го објавиме ова. Повредата на приватноста може да биде казниво со закон”, пишува на почетокот на оваа лажна објава.

На корисниците им се советува да не наседнуваат на оваа лажна објава, бидејќи со тоа што ја споделуваат на нивниот Timeline, не ги штитат своите податоци.

Исто така, Фејсбук нема да почне да ја наплаќа претплатата од понеделник, се вели во објавата. Мета најави воведување претплати на Facebook и Instagram, но тоа е опционално и овозможува гледање содржини без реклами.

Се истакнува дека содржината на објавата е измислена, лошо преведена и многу е чудно што ја споделуваат голем број луѓе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.