Историска победа за ГРК Охрид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп!
Охриѓани славеа на гостувањето кај Татабања со 28-29 и со минимална, но огромна предност ќе го дочекаат реваншот во Охрид.
Македонскиот тим одигра фантастично прво полувреме и во еден момент имаше и седум голови предност, а иако домаќините се вратија во вториот дел, победата сепак замина во Охрид.
Реваншот за трофејот ќе се игра следниот викенд во Охрид, каде што салата „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последно место.
