Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од север, поврзан со Средоземниот циклон кој значително влијае на времето во Македонија, па така и во следните три дена, односно до петок (27.12.2024) на повеќе места ќе условува повремени врнежи претежно од снег, па така снежната покривка ќе се прошири и значително ќе се зголеми на планините и на Скијачките центри.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Поради ветерот особено на повисоките места и на планините, секако и на Скијачките центри ќе има појава на снежни наноси, па така на возачите им препорачувам крајно да внимаваат со своите возила.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат се пониски и речиси насекаде ќе бидат под нулата, а и преку денот тие ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а особено во повисоките населени места, а посебно на планините и Скијачките центри тие ќе бидат под нулата.
Прогнозата е од познатиот македонски метеопрогнозерот Славчо Попоски
