Територијата на Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова, кој утрово предизвикува обилни врнежи на повеќе места низ земјата. Најинтензивни врнежи се забележуваат во западните делови на државата.
Повремено дува засилен до силен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните региони, каде локално се појавуваат и грмежи.
Врнежите ќе продолжат и во текот на претпладнето, локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со електрични празнења. Според прогнозите, стабилизација на времето се очекува во попладневните часови, кога врнежите постепено ќе престанат, а ветерот ќе го промени правецот во северен и северозападен, најизразено во Повардарието.
прогнозата ја предвиде еден од најдобрите метеопрогнозер, Славчо Попоски.
