HomeАктуелноОБНОВЕНО – Детали за сообраќајната несреќа кај Велестово каде повредени се неколку лица

ОБНОВЕНО – Детали за сообраќајната несреќа кај Велестово каде повредени се неколку лица

Вчера се случи сообраќајна несреќа на патот кај Велестово кај летниковецот, каде на возило со охридски регистарски таблици му бил попречен патот од џип со скопски регистарски ознаки, при што  изгубило контрола и излетало од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите со кои располага редакцијата на powerinfo.mk возилото кое го попречило патот и кое се движело во обратна насока не застанало да пружи помош.

Веста денес беше потврдена и од потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за тоа дека на ден 17.07.2022 во 16.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека  на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено“, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил  В.Ч.(56) од Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.