Попладнево се случи сообраќајна несреќа на патот кај Велестово кај летниковецот, каде на возило со охридски регистарски таблици му бил попречен патот од џип со скопски регистарски ознаки, при што изгубило контрола и излетало од патот.
Според информациите со кои располага редакцијата на powerinfo.mk возилото кое го попречило патот и кое се движело во обратна насока не застанало да пружи помош.
Според информациите со кои располагаме повредени се неколку лица.
Подетални и официјални информации очекуваме од СВР Охрид.
