HomeАктуелноОваа банка денеска ги исплаќа пензиите – проверете ги вашите сметки

Оваа банка денеска ги исплаќа пензиите – проверете ги вашите сметки

Исплатата на јулските пензии продолжува, а по вчерашната исплата преку Халкбанк, денеска (31 јули) пензиите ќе им бидат исплатени и на клиентите на Шпаркасе банка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Халкбанк вчера ги стави на располагање јулските пензии на своите корисници, кои средствата можеа да ги подигнат во филијалите, на банкоматите, како и да ги користат преку електронското и мобилното банкарство. Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можеа да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Шпаркасе банка информираа дека пензиите за месец јули ќе бидат достапни на платежните сметки денеска, 31 јули 2026 година.

Корисниците на дебитни картички веднаш ќе можат да располагаат со средствата – за плаќања во продавници, онлајн трансакции или подигнување готовина од банкомати.

Останатите банки сè уште немаат објавено официјални информации за точниот термин на исплата, па пензионерите се советуваат да ги следат известувањата од својата банка, бидејќи датумите може да се разликуваат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.