HomeАктуелноОва општина ќе доделува по 3.000 денари за секое новородено дете

Ова општина ќе доделува по 3.000 денари за секое новородено дете

3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е кандидат за уште еден градоначалнички мандат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари. Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете, порача Костовски.

Се осврна и на објектите за предучилишно воспитание.

– Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство, потенцира Костовски.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.