HomeАктуелноОгромна тага: Загинатите се на 20 и 21 година

Огромна тага: Загинатите се на 20 и 21 година

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле”, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди” со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото  и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.