HomeОХРИДОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Охрид во рамки на програмите за претстојната година за прв пат предвидува доделување на стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и интелектуална попреченост, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оваа мерка денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ја презентираше градоначалникот Кирил Пецаков, кој истакна дека овие лица заслужуваат подадена рака и силна поддршка и дека само преку заедничка соработка може да остварат долгорочни цели и да се постигнат посакувани позитивни промени.

Иницијатор на оваа мерка е здружението ,,Ретко е да си редок’’ кое работи на проекти и програми за поддршка и инклузија на лицата со ретки болести. Претседателката на здружението Гордана Лолеска искажа голема благорност до градоначалникот Пецаков за соработката и за покажаниот интерес. Таа истакна дека стипендиите значително ќе им помогнат на децата и младите од оваа категорија и ќе им овозможат остварување на поголеми образовни успеси. – стои во известувањето за јавноста на општина Охрид.

 

Rate This Article:
No comments

leave a comment