HomeАктуелноОсмани се сретна со Македонците во Албанија и претставниците на нивните здруженија

Османи се сретна со Македонците во Албанија и претставниците на нивните здруженија

Во рамките на својата работна посета на Република Албанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Македонците во Албанија, како и со претставниците на нивните здруженија.

Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес.

Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато задоволство од активната поддршка што Министерството за надворешни работи ја дава во реализација на проектите поврзани со активностите на македонските здруженија.

Меѓу другото, заеднички беше констатирана потребата од промена на режимот на граничните премини, како што е привремениот граничен премин Требиште-Џепиште, како и заложбите на Владите на Македонија и Албанија за целосно имплементирање на проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.

Османи ги запозна присутните за активностите и напорите поврзани со формалното започнување на пристапни преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ, како и за придобивките кои ќе произлезат од тој процес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.