HomeАктуелноОхрид – Кичево црна точка во сообраќајот

Охрид – Кичево црна точка во сообраќајот

Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево во изградба , во близина на селото Ботун. Од засега непознати причини, утрово , патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот,

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

До несреќата дошло при превртување на возило марка ауди со кичевски регистарски ознаки што се движело од насока од Кичево кон Охрид.

На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента.

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле”, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди” со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото  и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

OД СВР Охрид со апел до возачите крајно вниамтелно да ги ушправуваат своите моторни возила.

На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да утврди што ја предизвикало сообраќајната несреќа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.