HomeАктуелноОхрид пишува историја: ГРК Охрид во финале на Европскиот Куп по пенал-драма против Целје

Охрид пишува историја: ГРК Охрид во финале на Европскиот Куп по пенал-драма против Целје

Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историја и се пласираа во финалето на Европскиот Куп, откако во драматично полуфинале го елиминираа Целје по изведување седмерци (4:3).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во регуларниот дел охриѓани славеа со 25:24, идентично како што словенечкиот тим победи на првиот натпревар, па патникот во финалето мораше да се решава преку пенал-рулет. Во серијата седмерци, Охрид беше посмирен и посконцентриран, а голманот Пилиповиќ блесна со клучни интервенции.

Серијата ја отвори Јасухира со погодок, по што Пилиповиќ запиша одбрана. Прецизни за Охрид беа и Ојлески и Ќосевски, додека кај Целје реализираа Миличевиќ и Периќ. Пресвртот се случи кога Иванковиќ го промаши целиот гол, но Ракита израмни. Во решавачките моменти, Ѓукиќ погоди за Охрид, а Макуц го префрли голот за огромна радост во „Билјанини извори“.

Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, по натпреварот истакна дека неговиот тим одиграл херојски меч со значително скратена ротација.

„Игравме 60 минути практично со два бека и со Иванковиќ кој не беше во форма. Многу е тешко против ваков ривал со поширок ростер. Со системот седум на шест неколку пати се вративме во игра, а публиката беше нашиот ветер во грб. Заслужено сме во финалето и ова е огромна радост за целиот Охрид“, изјави Ројевиќ.

Во финалето, ГРК Охрид ќе се соочи со унгарскиот тим Татабања, за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Косуке Јасухира со девет погодоци, додека Тилен Стрмљан додаде седум. Сепак, еден од хероите на натпреварот беше голманот Пилиповиќ со 12 одбрани, вклучувајќи и неколку клучни во пенал-серијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.