HomeАктуелноПогледнете ја НАЈНОВАТА анкета на политичката сцена: Погледнете колку изнесува рејтингот на Венко Филипче

Погледнете ја НАЈНОВАТА анкета на политичката сцена: Погледнете колку изнесува рејтингот на Венко Филипче

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои граѓаните на Македонија имаат доверба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори.

За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ по ДУИ.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски.

На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами (0,7%), Зијадин Села (0,5%), Африм Гаши (0,2%)…

Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.