HomeАктуелноПожарите не стивнуваат, уште горат Серта и Огражден

Пожарите не стивнуваат, уште горат Серта и Огражден

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во посленото деноноќие има вкупно 30 пожари на отворен простор, на територијата на целата држава. Од нив се уште се активни 10, а под контрола (пожари кои не можат да се шират но сеуште има горење) е ставен 1, додека 20 пожари се целосно изгаснати.

Под контрола е ставен еден пожар на отворено во Македонски Брод, кај с. Дивеч и с. Слатина, каде што гори мешена шума, а 20 пожари се целосно изгаснати.
Претходните денови, како што велат од ЦУК, имало случаи кога иозгаснати пожари повторно се разгорувале.

Покрај пожарникатите, во гасењето на пожарите ангажирани се и два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, два хелихоптери на Министерството за внатрешни работи и 90 армиски пропадници.

Изгаснати се 20 пожари на отворено во последното деноноќие во Кривогаштани, кај с. Славеј (ниска вегетација), Битола, покрај магистралниот пат Битола–Прилеп, Струмица м.в. Два Пата (ниска вегетација), Василево с. Доброшинци (ниска вегетација), Охрид, депонија Буково (депонија), Штип нас. Железничка-нас. Пребек (депонија), Неготино, с. Калањево, Врапчиштете 1, с. Неготино-с. Тумчевиште (ниска вегетација), Врапчиште 2: с. Зубовце (ниска вегетација), Гостивар 1, нас. Млаки (ниска вегетација), Гостивар 2, кај Црква Света Петка (ѓубриште), Куманово, Ново Куманово (ниска вегетација), Кратово, с. Коњух (ниска вегетација), Гази Баба 1, с.Јурумлери (ѓубриште), Гази Баба 2: Парк шума (ниска вегетација), Карпош, ул.Скупи (ѓубриште), Сарај, с. Долна Матка (ѓубриште), Аеродром, с. Долно Лисиче (ѓубриште), Ѓорче Петров, Новоселски Пат (ниска вегетација), Арачиново, с. Мојанци (ниска вегетација).

Активни пожари се:

  • Старо Нагоричане, кај с. Алгуња и с. Челопек – ангажирани 1 хеликоптер на МВР и 30 припадници на Армијата (гориниска вегетација)
  • Серта 1: ШТИП, с. Селце и с. Пухче (мешана шума);
  • Серта 2: ШТИП : Криволак кон Пенуш (2 ЕТ) (ниска вегетација)
  • Македонски брод 1: с. Брезница и с. Тажево, Јасен – ангажирани 1 хеликоптер на МВР, вработени во Јасен и 30 припадници на Армијата (гори борова шума);
  • Пласница: месност „Стромол“ (мешана шума)
  • Чашка 1: над с. Габровник и с. Мокрени (мешана шума и ниска вегетација);
  • Чашка 2: место викано Мукос, (ниска вегетација)
  • Долнени 1: с. Небрегово (нискостеблеста шума)
  • Долнени 2: с. Гостиражни, што е префрлен пожар од с. Богомила, Општина Чашка (гори мешана шума и ниска вегетација)
  • Ново Село: над с. Бадилен на планината Огражден (мешана шума).
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.