Познати се екипите кои ќе се борат за титулата победник на турнирот, откако синоќа беа одиграни возбудливите полуфинални натпревари, во кои финалистите беа решени по изведување пенали.
Резултати од полуфиналето:
20:00 часот
АСП ПАК – Инекс Олгица Хотел и СПА 3:3 (на пенали 3:4)
21:00 часот
Гостилница кај Мече – Скопска Пивара Охрид 2:2 (на пенали 4:3)
По неизвесните завршници, во големото финале ќе се сретнат Гостилница кај Мече и Инекс Олгица Хотел и СПА, додека за третото место ќе играат АСП ПАК и Скопска Пивара Охрид.
САБОТА, 7 НОЕМВРИ
- НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО – 20:00 часот: АСП ПАК – Скопска Пивара Охрид
- ГОЛЕМО ФИНАЛЕ – 21:00 часот: Гостилница кај Мече – Инекс Олгица Хотел и СПА
Две возбудливи полуфиналиња, две пенал-завршници и остануваат уште два натпревари до конечниот победник!
Ве очекуваме во сабота на големото финале!
