HomeАктуелноПОМАЛКУ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ, НО ЦЕНИТЕ ОСТАНУВААТ ВИСОКИ: 3.121 евро за квадрат во Карпош!

ПОМАЛКУ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ, НО ЦЕНИТЕ ОСТАНУВААТ ВИСОКИ: 3.121 евро за квадрат во Карпош!

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување на купопродажбите. Во третиот квартал од 2026 година се регистрирани 7.679 трансакции, што е намалување од 8,2 проценти во споредба со претходниот квартал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Особено е забележлив падот кај продажбата на станови. Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, бројот на продадени станови е намален за 14 проценти, додека нивната вкупна финансиска вредност е помала за 6 проценти.

И покрај намалената продажба, цените остануваат високи. Највисоката цена за квадратен метар во овој квартал е постигната во општина Карпош, каде што стан од 41 квадратен метар е продаден за 128.000 евра, односно 3.121 евро за квадрат.

Најскапо продадениот стан кај инвеститорите бил со површина од 63 квадратни метри, а за него купувачот платил околу 200.000 евра.

Интересен е и податокот за пазарот на закуп. Бројот на закупени станови пораснал за 45 проценти, додека вкупниот износ на месечните закупнини е зголемен за 31 процент во однос на претходниот квартал.

Вкупната финансиска вредност на пазарот на недвижности во третиот квартал изнесувала 339 милиони евра, што е намалување од 3,6 проценти во споредба со вториот квартал.

Податоците покажуваат дека, иако продажбата на станови забавува, цените и интересот за изнајмување остануваат значајни показатели за состојбата на пазарот на недвижности во земјава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.