Од Регионалниот ЦУК Тетово информираат дека денеска (26.06.2024 година) во 20.30 часот, по обилните врнежи од засилен дожд во форма на невреме, од Кризниот штаб на Општина Тетово се добиени податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило, исто така има запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми. Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи, информираат од ЦУК.

Пријави за штети од невреме во Тетовско, невреме и во Гостиварско и Кумановско, а нестабилната облачна маса се движи кон Србија, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени пријави за последици од невремето во Тетовско. На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби. Во 19:49 часот е добиена пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после обилните дождови. Има материјална штета. На 112 во ЦУК е добиено известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови. Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово. Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дпжд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.
Од Е-112 добиена е пријава од вработен во ресторан Шари, Лисец (опш.Тетово) кој наведува оштетување на повеќе коли, од невремето, во паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.
Во моментов големо невреме има во во главниот град, забележано е паднато дрво, пороен дожд и град.
