HomeАктуелноПочна исплатата – еве како граѓаните можат да ги подигнат парите

Почна исплатата – еве како граѓаните можат да ги подигнат парите

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита веќе можат да располагаат со средствата за месец октомври.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека исплатата започна на 5 ноември.

Граѓаните кои поседуваат дебитни платежни картички средствата можат да ги подигнат во готовина од банкоматите, да ги користат за безготовински плаќања во продажните места или да вршат трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

Корисниците кои немаат платежни картички парите можат да ги подигнат на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Исплатата се однесува на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2026 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.