HomeАктуелноПо синоќешниот скандал се обрати Мицкоски, Гаши, Димитриевски, коментар имаа и од СДСМ

По синоќешниот скандал се обрати Мицкоски, Гаши, Димитриевски, коментар имаа и од СДСМ

Премиерот Мицкоски со осуда за сквернавењето на македонското знаме. Вели, тоа е чин на агресија, која се очекува и во иднина. Оцени дека вчерашните инциденти се дел од планот за дестабилизавија за кој тој предупредувал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апелирам до македонските граѓани без разлика на етничката припадност, да не дозволиме овие криминални групи  кои се уште се длабоко во своето политичко мочуриште, а беа седум години власт да не дозволиме да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина Македонија. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде. Очекувајте дека ќе има и во иднина бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како правдата ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот криминал е токму вака, со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Според собранискиот спикер, само преку меѓусебно разбирање може да се обезбеди мир и стабилност во државата. Гаши го осуди како што вели чинот на дивеење.

Насилството и дивеењето никогаш не може да бидат решение или одговор. Уште помалку може да се користат како алатка за провокација со намера за создавање тензии и дестабилизација.

Палењето на државни знамиња го осуди и коалицискиот партнер Вреди.

Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А оваа работа не им служи нит на оние кои ја поттикнуваат, а уште помалку на граѓаните“, се вели во реакцијата, од Вреди.

И Опозициската ДУИ излезе со осуда ама и објаснување што ги револтирало лицата кои пукаа и го газеа македонското знаме. Од партијата велат дека имало забрана да се слави на градскиот плоштад во Скопје, влијаело укинувањето на балансерот и негативните изјави на политичарите кои создавале поделби. Тврдат дека додека тие биле власт, такви инциденти немало.

СДСМ прстот го впери кон полицијата. Сметаат дека МВР нема контрола над безбедносната состојба во државата.

Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно. Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола.

Реагираше и лидерот на ЗНАМ, Димитриевски кој синоќешните настани ги оцени како злосторство кон државата.

Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, вели Димитриевски.

Одговорност побараа и од СПМ.

Ги повикуваме надлежните институции, МВР и обвинителството за итна и жестока реакција во изнаоѓање и силно санкционирање на виновниците.

Осуда и повик за санкционирање на лицата кои го сквернавеа државното знаме пристигнаа и од ЛДП, Левица, Демократскиот сојуз.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.