HomeАктуелноПриведени двајца битолчани осомничени за кражба од РЕК Битола

Приведени двајца битолчани осомничени за кражба од РЕК Битола

Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера ги лишиле од слобода З.М. (21) и Б.К. (19) од Битола, осомничени за извршено кривично дело „кражба“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата, како што информираа денеска од МВР, постапувала по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК „Битола“ биле одземени поголем број предмети.

Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.