HomeАктуелноПриведени 16 возачи за безобѕирно возење, МВР со апел засилените контоли на македонските патишта ќе продолжат

Приведени 16 возачи за безобѕирно возење, МВР со апел засилените контоли на македонските патишта ќе продолжат

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 16 возачи, од кои пет малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа:  Б.Б.(18) од Скопје, З.К.(18) од с.Сливник, општина Чашка, М.М.(46) од с.Томино село, Македонски Брод, М.Н.(28) од Кичево, Р.А(30) од С.Церово, тетовско, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода и пет малолетници од Скопје и скопско. Под дејство на алкохол возеле А.Б.(50) од Прилеп, П.В.(35) од Охрид,  и М.Ц.(19) од Пробиштип, М.Х.(44) од Тетово и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода. Со изречена активна забрана за управување на возило е А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, информираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.