HomeАктуелноСНЕЖНИ НАНОСИ И ИЗЛИЗГАН КАМИОН ГО БЛОКИРАА ПАТОТ КУМАНОВО – СВ. НИКОЛЕ, НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ВОЗИЛА

СНЕЖНИ НАНОСИ И ИЗЛИЗГАН КАМИОН ГО БЛОКИРАА ПАТОТ КУМАНОВО – СВ. НИКОЛЕ, НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ВОЗИЛА

Снежните врнежи и наноси утринава предизвикаа проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци низ Македонија. На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на бензинската пумпа во село Скачковце, сообраќајот е целосно во прекин за сите видови моторни возила поради излизгано товарно возило кое излетало од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради снежните врнежи, од синоќа се воведени забрани за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци. Од 18:00 часот забрана е воведена на кракот Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража, од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир, а од 00:20 часот и на патот А3 Битола – Ресен, на преминот Ѓавато.

Во меѓувреме, забраната за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид, преку превојот Буково, е прекината во 07:30 часот, а патот е прооден за сите видови возила. Сообраќајот е нормализиран и на магистралниот пат А3 Делчево – Граничен премин Делчево, кој од 07:00 часот е отворен за сите видови возила.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег врне на повисоките делови од државата, додека во пониските места врнежите се со послаб интензитет. Дополнително, на одредени патни делници има намалена видливост, што го отежнува движењето и бара зголемена внимателност од возачите.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.