Кумановка пријавила во полиција дека нејзин сограѓанин се обидел да ја силува.
На 30.09.2023 во полициска станица на подрачјето на СВР Куманово бил извршен службен разговор со Н.В.(47) од кумановско, по пријава од 18.00 часот од страна на 49-годишна жена, според која тој на 21.09.2023 во Куманово се обидел да изврши обљуба врз неа, соопшти МВР.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
