HomeАктуелноРКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Од РКЕ информираат дека се исполнети предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.